Украинската војска ја урнала браната кај Бахмут

Украинската војска со експлозии ја урнала браната кај градот Бахмут (Артемјовск на руски) кон административната граница на отцепениот проруски регион Доњецк, известуваат во саботата руските медиуми повикувајќи се на припадници на приватната воена компанија „Вагнер“ и на милицијата на руското население од регионот.

Според овие информации, украинските војници од делот на градот кој го контролираат силите лојални на Киев ја урнале браната на акумулацијата „Северни ставок“, со цел да го запрат натамошното напредување на единиците на „Вагнер“ кои последните два месеца водат жестоки борби за освојување на добро утврдениот град Бахмут и според потврдата од двете страни веќе контролираат најмалку половината од градот.

За агенцијата ТАСС, Јан Гагин, заменик на челникот на самопрогласената Народна република Доњецк, соопштил дека руските сили добиле информации дека се поплавени приватни куќи на локалното населени и подруми во кои луѓето се криеле од постојаните гранатирање на двете страни.

„Во делот на Артемовск под контрола на Киев, непријателот навистина ја разнесе браната. Засега нема поединости. Се обидуваат да го спречат напредувањето на борците на Вагнер“, ја потврдил информацијата за агенцијата РИА, еден од командантите на приватната руска војска којашто поради значителните напредувања на фронтот во саботата е вброена во десеттиот пакет антируски санкции на Европската унија.

Претходно во саботата истиот соговорник кој се претставил како командант на вод на „Вагнер“ рекол дека руските трупи напредуваат кон центарот на Бахмут и оти им остануваат уште „помалку од два километра“ жестоки урбани борби. Признал дека поради жестокиот отпор на украинските сили напредувањето не е толку брзо како што би сакале, како и дека украинската команда се обидува да ги покрие пукнатините на линијата на својата одбрана со распоредување на новомобилизирани регрути.

Бахмут се наоѓа на 55 километри североисточно кон централна Украина од милионскиот град Доњецк, во северниот дел од истоимениот регион крај местото Горловка. Станува збор за важен логистички центар за украинската групација војски во целата област Донбас. Бахмут се наоѓа и на главниот патен правец кон градовите Славјанск и Краматорск, и двата во индустрискиот регион Донбас, а од нив се отвора простор за руско напредување кон централна Украина.

Руските војски го имаат во опркужување Бахмут, повеќе од еден месец, а воените аналитирачари ги критикуваат руските команданти за само приремено прекинување на патот за снабдување на украинските сили во градот. Според извори од двата табори, и двете завојувани страни на овој дел од боиштето трпат големи загуби во жива сила. САД пред повеќе од еден месец го повикаа украинскиот претседател Володомир Зеленски да ги повлече силите од Бахмут, минимизирајќи го неговото значење, за да ги зачува за другите делови од фронтот и за најавената пролетна офанзива на Киев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.