Украинската војска сега брои 700.000 луѓе, тврди Зеленски

Големината на украинската војска сега е речиси шест пати поголема отколку што беше на почетокот на конфликтот меѓу Киев и Москва, тврди претседателот Володимир Зеленски.

„Ни требаше армија повеќе од 250.000 или 260.000, но имаше само околу 120.000“ спремни војници во Украина пред почетокот на руската воена операција кон крајот на февруари, изјави Зеленски за Украина 24.

Претседателот истакна дека на почетокот на 2022 година дал наредба да се зголеми бројот на војници за уште 100.000,без разлика дали има пари за тоа или не. Но, тој призна дека дури и тие бројки не се доволни да ја запрат руската војска.

„Денес е 700.000. Сега ги гледате резултатите од работата на 700.000 кои се борат“, додаде тој.

Зеленски нареди општа мобилизација по почетокот на конфликтот, велејќи дека сите мажи на возраст меѓу 18 и 60 години треба да останат во земјата и да се борат.

На почетокот на оваа недела, до украинскиот парламент беше поднесен закон според кој на оние мажи кои сепак успеале да побегнат и не се вратиле во земјата во рок од 30 дена, да им се одземе државјанството.