Украински борни коли низ Киев во очекување руски напад

Украински борбени и оклопни возила во петокот попладнети се распоредуваат низ Киев за да ја одбранат украинската престолнина од продорот на руските сили.

Градоначакникот на Киев, поранешниот светски шампион во бокс, Виталиј Кличко, изјавио дека градот влегол во „одбрабена фаза“.

Руски проектили во петокот паѓале врз Киев, се наведува во извештајот на украинското министерство за одбрана, а на жителите на главниот град им е поражано да подготват запаливите „Молотови коктели“ и да го бранат градот. Се известува дека наводно првите руски единици, извидувачки и диверзантски, влегле во северниот киевски кварт Оболон.

Руското министерство за одбрана претходно објави дека е заземен аеродромот Хостомел северозападно од Киев, клучна точка за можен напад во градот.

„Градот е во одбранбена фаза. Куршумите летаат, екслоизиите одекнуваат во некои квартови. Саботерите веќе влегоа во градот“, рече градоначланикот Кличко.

Генералштабот на украинската војска јавио дека украинските сили „пружаат силен отпор на руските окупатори“ во околина Киев. Во Димер и Иванкиво, населби северозападно од главниот град, украинската војска „го запрела напредувањето на непријателските сили“ на реката Тетрив. Мостот преку реката е уништен, се наведува во украинските сили, а според руското министерство за одбрана тоа го сториле украински војници.

Според извештаите на украинските медиуми, нападнат е и аеродромот во западниот град Ривна, борби има и во Суми, на североистокот, во близина на руската граница. Украинската војска смета дека руската армија настојува да воспостави коридор од Крим до побунетите доминатно руски региони на истокот во Донбас.

Украинското министерство за одбрана соопшти дека укранската војска убила повеќе од 1.000 руски војници. Но ниедна западна медиумска куќа не може да ги провери овие тврдења од независни извори, а Москва ги отфрла.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски, кој во петокот објави неколку контрадикторни видое-изјави, на Twitter објави за „жестоки борни“ на влезовите во источните градови Чернихов и Мелитопол.

Американски и британски функционери го убедија Зеленски дека целта на Москва е да го собори него и неговата влада. Но во петокот на редовниот брифинг во Кремљ, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков објави дека Москва го признава Зеленски за легитимен претседател на Украина.