Украински напад со дронови предизвика пожар во руска воена база

Тој истакна дека противвоздушната одбрана одбила најголемиот број од беспилотните летала, но дека соборен дрон се урнал и предизвикал пожарот. Бочаров не наведе повеќе детали.

Руските воени блогери објавија дека цел на украинскиот напад била воздухопловната база Мариновка, лоцирана на околу 45 километри од регионалниот главен град Волгоград.

Руската државна новинска агенција ТАСС јави дека воздушниот сообраќај е привремено ограничен на цивилниот аеродром во Волгоград поради ризикот од беспилотните летала.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта биле пресретнати 28 украински беспилотни летала, од кои 13 биле над регионот на Волгоград.