Украинскиот извоз на житарки сезонава зголемен на 2,56 милиони тони

Украинскиот извоз на житарки достигна во досегашниот тек од сезоната, којашто започна во јули 2023 а завршува во јуни 2024 година, 2,56 милиони метрички тони, додека во истиот период минатата сезиона изнесуваше 2 милиона тони, објави во понеделникот украинското министерство за земјоделство.

Вкупно досега се извезени од Украина 1,2 7 милиони тони пченка, 977.000 тони пченица и 329.000 тони јачмен.

Инаку, во целата претходна сезона 2022/23 извозот достигнал вкупно речиси 49 милиони тони, надминувајќи 48,4 милиони тони од претходната сезона пред почетокт на руската инвазија.

Поголемиот дел од извозот е остварен преку црноморските пристаништа благодарејќи на договорот постигнат со посредство на Обединетите нации и Турција од јули 2022 година. Меѓутоа, Русија се повлече од договорот на 17-ти јули годинава, поради неисполнувањето на задачите од договорот кон нејзиниот извоз и продолженото блокирање на нејзините пратки житарки и земјоделски ѓубрива. Москва, исто така, повикувајќи се на договорот на ОН од 10-ти јули критикуваше за лицемерие, бидејќи повеќе од 70 отсто од извесените житарки од Украина не стасале како што беше договорено до земјите со ниски приходи и сиромашните африкански држави.

Украинскиот извоз е погоден со одлуката на Русија, но украинското министерство не изнесе податоци за интензитетот на извозот откако ткн житен договор не беше повторно обновен минатиот месец.

Украина до војната беше голем светски производител и извозник на житарки, но нејзиното производство на житарки во календарската 2022 годна паднало на околу 53 милиони тони, во однос на рекордните 85 милиони тони во претходната 2021 година. Украинското министерство објави дека годинешиот род на житарки би можело да биде околу 46 милиони тони.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.