Украинскиот Парламент бара исклучување на Русија од ОН

Украинскиот Парламент денеска усвои нацрт-резолуција со која бара признавање на Руската Федерација како „држава спонзор на тероризмот“ и бараат нејзино исклучување од Обединетите нации, се наведува на веб-страницата на украинскиот парламент.

Како иницијатор се наведуваат претседателот на украинскиот парламент Руслан Стефанчук и голем број други парламентарци.

„Во нацрт-резолуцијата на Врховната Рада на Украина се наведува дека рускиот режим се нарекува терористички. Исто така, се поставува прашањето за легитимноста на Руската Федерација да остане во ОН и се бара одговорност од членовите на руските политички партии што поддржуваат агресија“, се наведува во документот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.