Украинскиот парламент ќе расправа за уставните реформи

Денес во украинскиот парламент ќе биде разгледан предлогот за уставни реформи, што има за цел да ги намали ингеренциите на претседателот, пренесе „АФП“.

Украинската опозиција вчера ја повика германската канцеларка Ангела Меркел да ги блокира сомнителните банкарски трансакции на украинските службеници, односно поданици на украинскиот претседател Виктор Јанукович.

Меркел ја оцени ситуацијата во Украина како „крајно напната“ и ја повика земјата да продолжи со формирањето на новата влада и донесување на уставни амандмани.