Украинскиот претседател комичар ѝ понуди коалиција на рок-ѕвезда

21 May 2019. EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Украинскиот претседател Владимир Зеленски, комичар по професија, чијашто партија води на парламентарните избори во неделата според излезните анкети, рече дека приоритет му се да ја заврши војната на југоистокот од земјата и борбата против корупцијата и на преговори ја повика Глас, партија којашто ја води пејачот Свјатослав Вакарчук.

Според излезните анкети на неколкуте социлошки институти, на украинскиот парламентарни избори во водство е партијата Слуга на народот (сатиричниот телевизиски серијал кој го лансираше Зеленски), со освоени меѓу 42,7 до 44,4 отсто. На второто место е проруската Опозициската платформа – За живот, која освојува меѓу 11,5 и 12,5 отсто од гласовите, следи Европска солидарност на претходниот претседател Петро Порошенко, која освојува од 8,5 до 8,9 отсто, партијата Татковина на поранешната премирка Јулија Тимошенко – од 7,7 до 8,5 отсто, а Глас на пејачот Свјатослав Вакарчук од 6, до 6,5 отсто од гласовите. Сите тие според наводниот конзорциум „ Exit Poll National’, кој обединува три социолошки институти треба да го минат изборниот праг од 5 отсто од гласовите за да бидат застапени во Радата.

„Му се залагодаруваме на украинскиот народ на оваа поддршка… Нема да ги предадем Украинците“, рече шефот на државата Владимир Зеленски во седиштето на неговата партија. Додаде дека главната задача му е завршување на војната со проруските сепаратисти на југоистокот од Украина и борбата на раширената корупција во земјата.

„Задоволство ни претставува да го повикаме Вакарчук“ на преговори, изјави во енделата вечерта Зеленски, комедијант и почетник во политиката. Реле и дека има „повеќе кандидати“ за премиерската должност, и истакна дека шефот на владата мора да биде „ново лице“, но и „економски стручњак“.

Меѓутоа, од партијата Глас, веднаш одговорија дека нема да преговараат за коалицирање во идниот состав на Врховната Рада (украинскиот парламент) пред објавувањето на конечните резултати од изборите.

„Партијата Глас, којашто според прелиминарните резултати од националните излезни анкети освоила 6,3 отсто од гласовите на предвремените парламентарни избори, не разгледува влегување во каолиција не нема да води преговори со ниедна политичка сила до објавувањето на конечните резултати од изборите“, се наведува во соопштението објавено на официјалната интеренет страница на партијата во неделата ноќта. Првите официјални резултати се очекуваат во понеделнико утрото.

Во неделата на предвремените парламентари избори во Украина се избираа 225 пратеници, односно половината од мандатите во парламентот според партиските листи, а втората половина ќе биде избрана според мнозински систем во окрузите. На изборите може да учестуваат само партии, а не и коалиции, а изборниот праг е одреден на 5 отсто од гласовите. Од 450-те мандати нема да бидат пополнети 26 предвидени за црноморскиот полуостров Крим кој во март 2014 година по превратот во Киев на референдуми изгласа враќање на укинатата автономија и присоединување на Руската Федерација. Мандатите од доминантно руските и рускојазичните региони во областа Донбас, пак, ќе се делат од гласањето од оние мали области кои ги контролира украинската војска. Во двете самопрогласени републики Донецк и Луганск изборите не се одржаа.

Забележливо е масовното учество на малдите кандидати без политичко искуство, поради што 50 до 70 отсто од пратениците ќе бидат нови лица во парламентот, оценуваат локалните аналитичари. Тоа се оценува како пресврт во оваа поранешна советска република во која со политичката сцена владееја елититте, проруски или прозападни кои потекнуваа од времето на СССР и од посткомунистичкиот периот на Украина.