Украинскиот претседател Порошенко бара резервисти

Украинскиот претседател Петро Порошонко објави повик за резервисти на воена подготовка, бидејќи, како што вели, државата треба да ја зацврсти безбедноста и да има одговор на руската закана, пренесува Асошиејтед прес.

„Дел од повиканите резервисти ќе бидат обучувани во рамки на актуелната воена состојбата, а дел од воената механизација ќе биде дислоцирана со цел засилување на одбраната на државата поради руската закана“, нагласи Порошенко.

Изминатиов викенд тој соопшти и дека Русија поставила голем број воени трупи на границата со Украина и jа обвини Москва дека со воена интервенциај сака да ја заземе земјата.

Претходно, Кремљ ги оцени тврдењата на украинскиот претседател како „апсурдни обиди“, кои водат кон влошување на односите меѓу земјите, по инцидентот со трите украински бродови во Керченскиот теснец.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.