Украинскиот претседател Зеленски одржа 12-часовна прес-конференција за светскиот рекорд

Володимир Зеленски, поранешен популарен актер кој во април беше избран за претседател на Украина, вчера го урна светскиот рекорд, откако одржа прес-конференција која траеше повеќе од 12 часа, најдолга во историјата, објави Украинската државна агенција за рекорди.

Речиси осум часа по почетокот на прес-конференцијата што се одржа во познат ресторан во центарот на Киев, претставник на агенцијата прогласи рекорд, што се уште не е потврден од меѓународна организација.

Претседателот Зеленски (41) одговори дека е „скромен“ и не ги сака прославите.

Претходниот рекорд го држеше белорускиот претседател Александар Лукашенко, чија прес-конференција траеше повеќе од седум часа, соопштија украинските медиуми.
Стотина украински и странски новинари беа на маса со Зеленски.

Украинскиот претседател се осврна на неколку теми, како што е конфликтот во источна Украина, врските со Русија и телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој на медиумите им се довери дека добил инјекции за зајакнување на гласните жици во пресрет на маратонската конференција.