Украинските офицери признаа руско напредување во Бахмут

Руските сили постигнаа одреден успех на боиштето во утврдениот град Бахмут во Доњецк одметнатиот проруски источен регион на Украина, потврдија украински воени претставници во средата вечерата, пренесе агенцијата Reuters.

„Во правецот на Бахмут непријателот продолжува со јуришните операции врз градот, со делумен успех“, се наведува во објавата на украинскиот Генералштаб на Facebook.

Претходно во средата во интервјуто за агенцијата Associated Press украинскиот претседател Володомир Зеленски, меѓу другото, рече дека доколку украинската војска претрпе пораз во Бахмут, властите во Киев набрзо ќе се соочат со притисок од меѓународната заедница, а на дома ќе бидат притисната на постигнување компромис со Русија.

Руските воени аналитичари наведуваат дека самите власти во Киев го претвориле Бахмут (Артемјовск, на руски) во еден симбол, што може да претставува нивна „трагична грешка“. Бахмут се наоѓа на 55 километри североисточно кон централна Украина од милионскиот град Доњецк, во северниот дел од истоимениот регион крај местото Горловка. Станува збор за важен логистички центар за украинската групација војски во целата област Донбас. Бахмут се наоѓа и на главниот патен правец кон градовите Славјанск и Краматорск, и двата во индустрискиот регион Донбас, а од нив се отвора простор за руско напредување кон централна Украина.

Основачот на приватната воена компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин, чиишто борци го носат најголемиот товар на неколкумесечните руски настојувања целосно да го стават по своја контрола Бахмут, изјави дека битката за овој град била внимателно планирана уште минатото лето и оти руските единици систематски дејствуваат по зацртаниот план.
Признавајќи дека во битката за Бахмут која трае веќе шест месеци „Вагнер“ претрпел значителни загуби, Пригожин исто така оценува дека во текот на овие борби украинската војска претрпела загуби од кои е практично уништена.

„Доколку ‘Вагнер’ изгине во бахмутската мелница за месо и со себе ги однесе украинските сили заедно со странското оружје итн и ѝ овозможи на руската армија да оди натаму и да ги заштити интересите на Русија, тоа значи дека ние ја исполнивме нашата историска улога. И тука можеме да ставиме точка“, рече Пригожин.