Украинските преговарачите бараат меѓународен договор за гарантирање на безбедност

Украинските преговарачи на разговорите со Русија во Турција денеска изјавија дека бараат меѓународен договор според кој другите земји ќе служат како гаранти за безбедноста на Украина.

-Сакаме меѓународен механизам на безбедносни гаранции каде што земјите гаранти ќе дејствуваат на сличен начин како членот пет на НАТО – и уште поцврсто, изјави Давид Арахамија, украински преговарач по разговорите со руската делегација шт се одржаа днееска во Истанбул.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.