Украинските територијалци ќе глумат руски диверзанти во Одеса, предупредува Москва

Украинските разузнавачки и специјални служби се подготвуваат за фабрикување и дистрибуција лажни материјали за наводни апсења на руските диверзанти во украинското црноморско пристаниште Одеса каде од 2014 година се силно утврдени украинските сили, изјави шефот на рускиот Национален центар за управување со одбраната, генерал-полковникот Михаил Мизинцев.

„Во втората декада од јули водството на Службата за безбедност на Украина (разузнавачка СБУ) планира во Одеса да сними три инсценирани репортажи за наводна висока ефикасност на нивните припадници во откривање и сузбивање на наводни активности на руски диверзантски групи“, рекол Мизинцев.

Додал дека улогите на наводните руски диверзанти ќе ги „толкуваат“ припадници на украинската територијална одбрана, пренесува агенцијата РИА.

Подоцна, според Мизинцев, таквите фабрикувани материјали ќе бидат дистрибуирани преку украински и западни медиуми и интернет ресурси. Истакна дека податоците се темелат на проверени веродостојни информации кои ги поседуваат руските разузнавачки агенции.

Одеса е најголемото истирво соработка со стручњаци од 83-от центар за информациско-психолошки операции на Вооружените сили на Украина подготвуваат провокација, во којашто може да настрадаат стотици цивили во големиот град кој по превратот во Киев во 2014 година беше сцена на жестоки протести на проруското мнозинство и напад на украинските ултранационалисти во кој во мај 2014-та во тамошниот синдикален дом живи беа запалени над 50 проруски приврзаници.

Во Одеса, град со над милион жители основан на крајот од XVIII век од царска Русија, живее значителна мнозинска руско и рускојазнично заедница, а од ноември 2013 до мај 2014 година градот беше сцена на постојани протести и контрапротести меѓу приврзаниците и противниците на ткн киевски Евромајдан, кој заврши со палење на Домот на синдикатите од страна на крајно десните украински групи и загинување на 50 проруски активисти на 2-ри мај 2014 година за што досега никој не одговарал. Потоа градот целосно е ставен под воена контрола на украинските сили а во мандатот на претседадателот Петро Порошенко за гувернер на Одескиот регион беше поставен поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили, кој потоа и во Украина и во Грузија е гонет за проневери и бунтови.