Украл камионет за навреме да се врати во затвор

Пијан и без возачка дозвола, затвореник кој бил на отсуство многу не се премислувал, па украл камионет за да може навраме да се врати во казнената институција во Версај близу Париз, соопштија полицијата.

Во блиската општина Вирофлеи, некој доставувач на стоки го паркирал своето возило и невнимателно ги оставил клучевите за контакт, а тоа го забележал 29-годишникот кои во затворот од полуотворен тип служи казна изречена за прекршок со дрога.

Влегол во камионетот за што побрзо да се врати во затворот, каде што и стасал навреме, но го стасала полицијата. Пијаниот затвореник многу брзал, па го оштетил камионет и го скршил ретровизор.

Попатно, го оттуѓил и поричникот кој го нашол во камионетот, а кога го прашале што прави кај него личната карта на доставувачот, тврдел дека тоа му е работодавецот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.