12.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

Украле 200 литри гориво од булдужерот којшто го чисти патот во Маврово

Mесната заедница Галичник на својата Фејсбук страница информира за чистењето на патиштата по наврнатиот снег во Маврово и проблемите кои настануваат, при што вчера соопштија за кражба на 200 литри гориво од булдужерот.

Денес е пробиен Царевец. Атрактивно за фотографирање А сношти, ноќеска, беа украдени 200 литри дизел и беше оштетен системот за довод на гориво на булдожерот.

Случајот е пријавен во Полициската станица Маврово и направени се увид и записник за настанатата штета.