Ќулавкова констатира: Законот за јазици на ДУИ/СДСМ не гаранира ни едно општество за сите, ни мир, ни напредок, напротив

Со Законот за јазици Македонците се дискриминирани, посочува академик Катица Ќулавкова.

„Законот за јазици на ДУИ/СДСМ не гаранира ни едно општество за сите, ни мир, ни напредок, напротив, со него општеството е фрагментирано, Македонците се дискриминирани, институциите се неефикасни, буџетот е оптоварен, револтот е голем, регресираме, нема разбирање по ниедна основа“, вели Ќулавкова.

Веднаш по извештајот на Венецијанската комисија, Ќулавкова потсети дека таа и нејзините колеги одамна предупредуваа за суштинските недостатоци во Законот за јазиците

Законов е спротивен на ЕУ Повелбата за регионални и малцински јазици. Албанскиот јазик се наметнува како државен јазик на цела територија, во сите институции и сите нивоа, што е хибриден напад на унитарноста, порача Ќулавкова.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.