Улицата „Јордан Мијалков“ од утре затворена за сообраќај

Градот Скопје ги известува граѓаните дека од петок (26.06.2015) во 08.00 часот, до понеделник (29.06.2015) до 07.30 часот, за сообраќај ќе биде затворена улицата „Јордан Мијалков“ („Железничка“), и тоа на делницата од улица „Герман“ до улица „Павел Шатев“ (Бихаќка).

Улицата ќе биде затворена за сообраќај поради финалното асфалтирање на коловозот. За време на градежните активности сообраќајот ќе биде пренасочен по булевар „Македонија“.

Од град Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на физичкото регулирање на сообраќајот од униформирани полициски службеници, или други овластени службени лица, како и на времено поставениот режим за сообраќај.