Улицата Ловќенска 1 доби нов асфалт

Денеска улицата „Ловќенска 1“ во скопската општина Карпош доби целосно нов лик. Имено, локалната самоуправа инвестираше во целосна реконструкација и асфалтирање на 210 метри од коловозот и 3,5 метри широчина на оваа улица.

Изведувач на работите е фирмата „Изолација“, а вредноста на инвестицијата околу 800.000 денари.

На завршните работи на Ловќенска присуствуваше и градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски, кој имаше средба со повеќе жители од овој дел на Карпош, односно со другите поголеми краци на Ловќенска.

Тој исто така ја надгледуваше и работата на расчистување на теренот од грмушки и шут на улицата Јуриј Гагарин, на потегот од семафорите спроти студенскиот дом „Гоце Делчев“ на потегот кон „Реплек“.

Градоначалникот на Општина Карпош исто така денес ги контролираше и изведбите на улица 12 во населеното место Бардовци, како завршните работи на улиците Франц Прешерн и Иван Цанкар во Влае.