„Уличен доктор“: Се преправа во бездомник и 22 години ги лечи луѓето на улиците

62

Веќе 22 години докторот Џим Витерс ги посетува напуштените места, облечен како бездомник, и бесплатно ги лечи сите оние кои по игра на судбината останале без покрив над главата.

Во Питсбург го нарекуваат „уличен доктор“, а неговата амбулатна е неговиот ранец, а болните луѓе ги лечи таму каде што престојуваат.

„Прво што ми падна на памет е бројот на луѓе кои живеат во нехумани услови под мостовите и останати зафрлени места. Кога почнав да ги лекувам сфатив колкав број од нив живеат со најразлични болести и повреди кои никој не ги третира. Некои од нив имаат рак исто како и многу други луѓе“, рекол овој доктор со големо срце.

Неговата мисија започнала во 1992 година, додека во болницата работел како специјалист.

И покрај силната волја да им помогне на сиромашните и бездомниците во Пенсилванија, му недостасувала „улично“ знаење за да може да им пристапи. По долготрајната потрага се здружил со поранешниот бездомник Мајк Салоусон кој му помогнал да ја стекне потребната доверба меѓу бездомниците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.