Улиците „Бихаќка” и „Црниче” затворени за сообраќај во наредните 24 часа!

Град Скопје информира дека деенска, недела, ќе продолжи асфалтирањето на дел од улиците „Бихаќка” и „Црниче”, на потегот од улицата „Фредерик Шопен” до подвозникот. Поради тоа, овој дел од улицата ќе биде затворен, а сообраќајот ќе биде пренасочен по околната улична мрежа.

Посочената делница ќе биде затворена за сообраќај 24 часа.

Градските власти апелираат до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.