Јумашев раскажа како Елцин го избрал Путин за свој наследник

93

Првиот претседател на Русија, Борис Елцин, го избрал за свој наследник Владимир Путин меѓу десетина кандидати, изјави Валентин Јумашев, кој беше на чело на претседателската администрација на Елцин кон крајот на 1990-те години, и негов зет за ќерката Татјана Јумашева (Дијаченко).

„Елцин виде во Путин човек кој ќе ги продолжи неговите либерални реформи. За Елцин беше важно што Путин е од друга генерација, дека не треба да се остава земјата на оние кои биле (во власта) во времето на СССР“, рекол Јумашев.

Додал дека за Елцин бил важен карактерот на наследникот, и во Путин видел човек со силна волја, способен да носи правилни одлуки и да го продолжи курсот на реформите. Јумашев објаснил дека Ецлин поднел оставка шест месеци пред претседателските избори, така што Путин „имаше можност за уште поголема гаранција да победи на избодите“ притив другите ривали кои имале шанса за успех и дека „го преживеал“ решението за својата оставка.

„Не можете да си претставите колку беше среќен тој на 31-ви декември 1999 годин, иако се чинеше дека е најтешкиот ден за него“, се потсетил Јумашев.

На 26-ти март 2000 година Путин победи на претседателските избори во првиот круг со освоени 52,94 отсто од гласовите, а официјално стапи на должноста на 7-ми мај истата година. Во пролетта 2004 година Путин беше избран за нов претседателски четиригодишен мандат. Во 2012 и минатата 2018 година, кога повторно според уставот можеше да се кандидира за шеф на државата, Путин повторно беше избран со големи разлики пред своите ривали.

„(Елцин) Имаше десетина кандидати на списокот. Сметаше дека (Путин) е тој човек, кој беше прв заменик на (Анатолиј) Собчак, па затоа разбира како функционира економијата, лицето која мина низ претседателската администрација, во прво време беше само заменик, а потоа стана прв заменик, личност која има такво искуство“, го цитира агенцијата ТАСС Јумашев кој во петокот зборувал со познатиот новинар Владимир Познер на фестивалот „Зборови и музик на слободата“ во „Центарот Елцин“ во Екатеринбург.

„Мислам дека во тој момент, кога стана први заменик на челникот на администрацијата (во 1998 година), Елцин размислуваше за него како за кандидат“, додал Јумашев истакнувајќи дека во прво време на Путин му било тешко да работи во администрацијата, и дури сакал да го смени работното место, што се должело на фактот дека му оставало малку време за семејството.

Во јавното интервју, Јумашев рекол дека неколку дена пред новата 2000 година, Елцин во резиденцијата „Останкино“ го снимил традиционалното новогодишно обраќање до Русите, но на крајот од снимањето тој застанал и им кажал на снимателите дека снимањето минало лошо, поради што мора да биде повторено на 31-ви декември.

„Сите пристигнаа на 31-ви декември во 7 часот утрото. Во тој момент, што ќе се случи, буквално знаеја само четворица: Волошин, шефот на администрацијата на претседателот, идниот шеф на државата Путин, Елцин, Татјана Борисова, ќерката на Елцин, и јас“, вели Јумашев. Додал дека на тој 31-ви декември Елцин, исто така, оставката ѝ ја најавил на сопруграта Наина, по што веднаш заминал на снимањето на новогодишната порака.

Според Јумашев, снимателската екипа која ја снимала пораката на Елцин била затворена во една просторија, и откако претседателот ја објавил оставката, касетата со снимката Јумашев заедно со Константин Ернст ја однеле во „Останкино“, а снимателите ги оставиле затворени до емитувањето на полноќ.

„Имавме многу жесток тајминг тој ден. Путин го сними обраќањето, ако не грешам, 14 до 15 часа по својата средба со челниците на безбедносните сили, по што снимката беше емитувана“, рекол Јумашев.

Јумашев објаснил дека во почетокот главен кандидат за наследник кај Елцин бил Борис Немцов.

„Борис Николаевич дури го претставуваше на челниците на странските држави, кога одеа заедно на службените посети (…) И во принцип, Борис Николаевич, во тој момент беше очигледно дека за него е кандидатот број еден“, истакнал Јумашев, објаснувајќи дека подицна рејтингот на Немцов паднал.

Според Јумашев „претседателската администрација на Елцин била една од најсилните екипи“.

Во 1997/1998 година Јумашев ја водеше администрацијата на рускускиот претседател Борис Елцин, во 1996/1997 и во 1998/1999 година беше советник на шефот на државата. На 22-ри јуни 2018 година, актуелниот руски претседател Владимир Путин го назначил членот на управата на „Центарот Елцин“, за свој советник на волонтерски основа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.