Умерен сообраќај на државните патишта

Времен сообраќај на патот Катланово – Велес
Времен сообраќај на патот Катланово – Велес

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од денеска, 15.11.2019 година, започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата. Оваа обврска ќе треае до 15.03.2020 година.