Умерен земјотрес на грчкиот остров Крит

Во два часот и 40 минути  по локално време, во морскиот дел, јужно од грчкиот остров Крит регистриран е земјотрес со интензитет од 5.2 степени според Рихтеровата скала.

За сега, нема информации за повредени или за причинета материјална штета.

Според податоците на Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, во изминатите 24 часа во истиот дел биле регистрирани над десет помали земјотреси.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.