Мими Н. е уметничка од Индонезија која континуирано учествува во проектот СОНЦЕТО/the SUN Project и објавува неверојатни илустрации посветени на социјалните проблеми.
Во нејзините слики, Мими ги прикажува токму штетните чувства и емоции кои луѓето обично не ги дискутираат, иако сите ние ги доживуваме од време на време.
Некои од нив може и да ве вознемират, сепак, уметничката успеала да ни ја долови реалноста и темната страна од човечката душа….