Умре десната рака на Садам Хусеин, ал-Дури

Изет Ибрахим ал-Дури, вториот човек во режимот на ирачкиот сунитски диктатор Садам Хусеин, „треф кралот“ во шпилот карти на ирачките функционери од 2003 година по кои трагаат САД, починал на 78-годишна возраст објави во понеделникот неговата партија.

Човекот за чијашто глава Вашингтон нудеше награда од 10 милиони долари во текот на инвазијата во која беше соборена од власт псевдосоцијалистичката партија Баас, која во Ирак беше на власт од 1968 година, повеќе од петанесет години беше во бегство.

Ниту во едно од соопштенијата со кои се објавува неговата смрт, од партијата Баас, и од ќерката на Садам Хусеин, не се наведува ниту местото, ниту причината за смртта на генерал-потполковникот кој своевремено заземаше највисоки државни функции.

Рагад Садам Хусеин, најстарата ќерка на ирачкиот диктатор, на Twitter објави дека жали по другарот од борбите Изер Ибрахим ал-Дури.

Партијата Баас, исто така, објави соопштение во које ја објавува смртта на потпретседателот на Командата на револуцијата и потрпетседателот на Ирак во 2003 година.

Досега повеќепати се појавуваа информации за наводната смрт на ал-Дури, но секогаш беа демантирани од функционери или поборници на поранешниот режим.

По 2003 година таканаречените „Баасисти“ имаа клучна улога во бунтот против Американците а потоа нивните поранешни разизнавачи и офицери се приклучија на џихадситичката сунитска организација Исламска држава којашто од летото 2014 до крајот на 2017 година контролираше големи територии во Ирак и во соседна Сирија.