Умре индиски јогин кој тврдеше дека 80 години ни јадел ни пиел

Индиски јогин кој тврдеше дека 80 години ниту јадел, ниту пиел а во меѓувреме беше цел на медицински испитувања како и бројни сомневања, починал на 90-годишна возраст, изјави за локалните медиуми неговиот сосед.

Прахлад Џани, аскет со долга брада и прстен во носот по пример на хиндуска божица, се родил во село во западната индиска сојузна држава Гуџарад и во текот на животот тврдеше дека престанал да пие вода и да јаде уште на 11-годишна возраст.

„Почина во вторникот утрото од старост во својот дом. Го однесовме во болница по полноќ, но дежурниот лекар го прогласи мртов“, изјавил за агенцијата AFP неогвиот сосед Шетал Чундари.

Џани тврдеше дека во детството го благословила божицата Амба-Мат и му доделила посебни моќи.

„Примам еликсир на животот преку дупче во моето непце што ми овозможува да живеам без храна и вода“, тврдеше за агенцијата уште во 2003 година.

За да се потврдат или побијат неговите тврдења, Прахлад ЏАни двапат бил сместен во клиника под надзор на лекари. Првиот пат бил под надзор на Здружението на лекарите од градот Агмедабад заедно со Институтот за физиологија и сродни науки кои во 2003 година во текот на 10 дена го следеле. Речиси сто стручњаци учествувале во истражувањето и притоа ја отфрлиле можноста за измама, бидејќи цело време бил сместен на оддел кој бил целосно покриен со камери.

За научниците невозможно е човечко тело толку долго да пости. Во текот на втората студија во 2010 година повторно бил надгледуван од камери кои покажале дека без храна и вода издржал две седмици и во тој период ниту мокрел ниту вршел голема нужда, што ги запрепастило лекарите.

„Овој феномен останува тајна“, изјави тогаш неврологот од екипата лекари кои го следела.

Познатиот на овие простори храватски алтернативец Драго Плечко во 2010 година за хрватските медиуми рече дека јогинот може да ја задржува течноста во телото која во одредена смисла се рециклира, и тоа со месеци во текот на ткн состојба самади, на потполна концентрација.

Со својот аксетизам успеа да основа мала заедница верници, покрај тоа штоп постојано го привлекуваше и вниманието на научниците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.