Умре мајката на сестрите убиени на Западниот брег

Мајката на двете израелски сестри кои загинаа минатата седмица во пукање на палестинската енклава Западниот брег (на реката Јордан) им подлегнала на повредите, соопштија во понеделникот болнички изводи, а истовремено Палестинската самоуправа извести дека е убиени палестински тинејџер.

Дваесетгодишната Маиа и 15-годишната Рина Дее, кои имале и британско државјанство, загинаа во петокот кога врз нивниот автомобил отворил оган палестински напаѓач. Во автомобилот била и нивната мајка којашто се здобила со рани опасни по животот. Израелските безбедносни сили сѐ уште трагаат по напаѓачот.

Во меѓувреме во понеделникот израелските сили убиле палестински тинејџер во воена акција во близната на Јерихон на Западниот брег, извести палестинското министерство за здравство. Петнаесетгодишниот Мухамед Балхан бил застрелан во главата, градите и стомакот.

Израелската војска објави дека нејзините сили извеле операција во бегалскиот камп Акабад Џабр близу Јерихин, за апсење на Палестинци осомничени за напади врз Израелци. Според војската, Палестинците отвориле оган и фрлале експлозивни направа врз војниците кои одговориле со истрели, застрелувајќи некои од нив. Меѓу војниците немало повредени.

Во најновиот бран израелско-палестинско насилство што започна во јануари, загинале повеќе од 90 Палестинци и најмалку 18 Израелци и странски државјани. Тензиите се особено високи по израелските полициски рации на платото пред ерусалимската џеамија Ал Акса, што предизвика ракетни дуели меѓу Израел и радикалните групации во Газа, јужен Либан и Сирија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.