УМС на ВМРО-ДПМНЕ: Младите се во фокусот на Владата, очигледна е разликата за само 60 дена

На денешната Трибина за млади, во организација на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, своe обраќањe имаше претседателот на УМС и пратеник во македонското собрание, Сергеј Попов, кој што истакна дека младите се во фокус на Владата и очигледна е разликата за само 60 дена од формирањето на владата. 

Во своето обраќање, Попов истакна дека најголемата промена во владеењето и креирањето политики, е самиот факт што ваква трибина за промоција на успешните политики, се организира на само 60 дена од формирањето на новата влада.  

Тој додаде дека во Македонија, конечно се гледа промена и е исцртана јасна дистинкција во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и она на СДСМ и ДУИ. 

,,Изминатите 7 години, власта не ја интересираа младинските прашања и политики, што се гледа според тоа дека пред ребалансот на буџетот, недостасуваа 600 милиони денари наменети токму за проекти за младите. Новата влада и парламентарното мнозинство, успеа да ги обезбеди средства, со што до крајот на оваа година и во континуитет во наредните, студенскиот оброк и стипендиите ќе стигаат навремено, а потоа ќе се преземаат и мерки со кои овие суми ќе бидат и повисоки”, истакна Попов. 

Свое обраќање имаше и Стефан Андоновски  министер за дигитална трансформација кој што ги истакна стратешките приоритети на министерството и важноста на младите да бидат вклучени во институциите. 

Министерот Андоновски говореше за стратешките приоритети на неговиот ресор, напоменувајќи колкав е предизвикот да се преводи дигиталната трансформација. Објасни за тековните активности на Министерството, како што е надградување на електронски достапните јавни услуги и одблокирање на учеството на Македонија во проектот дигитална Европа. Потенцираше колку е важно младите да се вклучени во институциите и дека нивното присуство претставува клуч за фукнционални институции и најави повторно воведување на пракса во Министерството за дигитализација. 

Свое обраќање имаше и министерот за социјална политика, демографија и млади кој што истакна дека младите се во фокусот на владината политика. 

Гоќо Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади како поранешен член на УМС потенцираше колку е важно и вредно членувањето во УМС во градењето на успешна покитичка кариера. Ја нагласи постоечката демографска криза во Македонија и дека младите се клуч во надминувањето да истата. Го поздрави фактот дека ресорот млади повеќе нема да биде маргинализиран туку прерасна во посебен ресор каде младите ќе бидат на високо место во владината агенда и дека конечно ќе добијат достоинствен третман од државните институции.  

На трибината се обрати и Борко Ристовски, министер за спорт кој што ја нагласи важноста за развивањето на училишните спортови во државата на сите нивоа. 

Министерот Ристовски се фокусираше на методи за развивање на состојбите во спортот во Македонија. Зборуваше за нови методи за финансирање на клубовите и федерациите како и развивање на училишните спортови во државата на сите нивоа. Објасни како Министерството за спорт е вложено во подобрување на спортската инфрструктура како што се спортските сали, но и фитнес зоните и отворените спортски игралишта. Потенцираше дека тој и Министерството се сојузници на младите и дека ќе работат во интерес на градење на спортска нација.