УМС на ВМРО – ДПМНЕ со велосипеди од Гостивар до Скопје за поддршка на Чуварите на демократијата

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ  со несекојдневна иницијатива испрати порака и даде поддршка на Чуварите на демократијата, пренесува „Курир“.

-Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар, утрово со велосипеди тргна кон Скопје, по пат ни се приклучија од УМС од Тетово, а во Ѓорче Петров ни се приклучи УМС од Ѓорче Петров. Дојдовме тука за да дадеме поддршка на чуварите на демократијата кои деноноќно кампуваат тука, а со самото тоа да дадеме поддршка и на Владата на Република Македонија  и на премиерот Никола Груевски, изјави Васко Момировски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Гостивар.

ums

Велосипедистите од УМС на ВМРО-ДПМНЕ испратија порака дека демократијата не се спроведува преку насилно преземање на власта туку на избори, каде народот го дава својот глас на оној на кому најмногу му верува.

ums2

ums1

ums3

ums7