Јунајтед ја испушти шансата да скокне на третото место

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ја пропуштија во понеделникот големата шанса да се пробијат на третото место на табелата на англиската Премир лига, откако во последните моменти од последниот меч од 35-то коло на својот „Олд Траофрд“ ја успуштија победата потив Саутемптон.

Манчестерските „Црвени ѓаволи“ со победата ќе ги прескокнеа Лестер Сити и Челзи пробивајќи се на третото место од кое директно ќе се квалификуваат во Лигата на шампионите, но Саутемптон извлече бод со погодокот во седмата минута од судиското продолжение на дуелот.

Гостите поведоа во 12 минута со голот на Стјуард Армстронг, но Јунајтед брзо возврати со два погодока. Израмни Маркус Рашфорд во 20 минута, а три минути подоцна Антони Марсиал го постигна својот 50-ти погодок во 142-от натпревар во Премиер лигата. Во вториот дел Јунајтед одеше на третиот погодок со кој ќе го решеше победникот, но наместо тоа во последните моменти Мајкл Обафеми за конечните 2:2 го совлада Давид де Хеа, кому ова му беше 400-от натпревар во дресот на Манчестер Јунајтед.

Манечстер Јунајтед ја продолжи серијата без пораз на 11 натпревари, во кои оствари седум победи и четири ремија, со што дијде до петтото место, со 59 бодови. Исто толку има и четвртиот Лестер Сити, но со подобар скор, а трет е Челзи со 60 бодови. Саутемптон е сигурен на 12-то место со 45 бодови.

На првите две места на табелата се Ливерпул со 93 бодови и Манчестер Сити со 72 бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.