Јунајтед го стаса Ливерпул, Евертон киксираше дома

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед во мечот од 17-то коло на англиската лига на домашен терен јна победија Астон Вила со 2:1 и бодовно се израмнија со водечкиот Ливерпул.

Манчестер Јунајтед поведе со погодокот на Ентони Марсиал во 40 минута. Астон Вила израмни во 58 минута преку Бертран Траоре, но по само три минути ново водство и победата на „Црвените ѓаволи“ им ја донесе Беруно Фернандеш од пенал.

Манчестер Јунајтед сега има 33 бодови, колку и првиот Ливерпул кој допрва ќе го игра својот натпревар од ова коло. Јунајтед со оваа победа го има обезбедено второто место и по крајот на ова коло, затоа што има четири бодови повеќе од трето пласираниот Лестер и четвртиот Евертон. Асто Вила остана засега на шестото место со 26 бодови.

 

Претходно во првиот дуел од колото и првиот премеирлигашки натпревар во новата година Вест Хем како гостин во Ливепрул го изненади Евертон, совладувајќи го со погодокот на Чехот Томаш Соучек во 86 минута.

За Евертон ова беше петти пораз сезонава и остана засега на четвртата позиција со 26 бодови, колку што има и Вест Хем но кој е на 10-то место.