Јунајтед и Арсенал ремизираа на „Олд Трафорд“

Во последниот натпревар од седмото коло на англиското фудбалско првенство во понеделникот вечерта, Манчестер Јунајтед на својот стадион одигра 1:1 со Арсенал.

Домашните поведоа во последните моменти до провото полувреме со голот на Скот Мектоминеј постигнат од дваесетина метри. Израмни Пјер-Емерик Обамејанг во 58 минута. Судијата Кевин Фринд првично по сугестија на својот помошник досуди офсајд, но по проверката на ВАР-от се покажа дека напаѓачот на лондонските „Топчии“ постигнал регуларен гол.

До крајот на мечот и двете екупи имаа по неколку добри можности за постигнување погодок, но резултатот повеќе не се менуваше.

На табелата води Ливерпул со максималните 21 бод, Манчестер Сити е втор со пет бодови помалку, а третиот Лестер Сити има 14 бодови. Арсенал е четврти со 12 бодови, додека Манчестер Јунајтед е на десеттото место со девет бодови.