Јунајтед и Интер меѓу осумте во Лига Европа

Inter Milan - Getafe, Gelsenkirchen, Germany, 05 August 2020. EPA-EFE/Lars Baron /

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Интер од Милано во средата вечерта им се придружија на Шахтјар од Донецк и Копенхаген во четвртфиналето на Лига Европа.

Манчестер Јунајтед во реаваншот од осминафиналето на својот „Олд Трафорд“ го совлада ЛАСК од Линц со 2:1, откао во првиот дуел на почетокот од март со 5:0 на гостински терен си го обезбеди пласманот.

Во Манчестер во 55 минута поведе ЛАСК со убавиот погодок на Весингер постигнат од 20-ина метри, но само две минути подоцна Лингард испеа да избегне офсајд стапица и да израмни на 1:1. Марсиал во 88 минута „се прошета“ низ гостинската одбрана и го постигна победничкиот погодок.

Интер, пак, за пласман требаше да одигра само еден натпревар, на неутрален терен во Гелзенкирхен, каде што го совлада шпански Хетафе со 2:0.

Интер поведе преку Ромелу Лукаки во 33 минута, кога белгискиот напаѓач одлично се загради по длабинското проигрување од Бастони и со прецизен удар од дестина метри откосо го совлада Сорија. Ериксен во 83 минута, само шеесетина секунди откако влезе во игра, искористи грершка во одбраната на Хетафе и погоди за конечните 2:0. Хетафе во 76 минута не израмни, откако Молина не реализираше пенал досуден откако со рака играше Годин.

Интер во четвртфиналето на 10-ти август во Диселдорф ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Баер Леверкузен и Ренџерс, кој реваншот во осминафинелето го играат во четврток, а германскиот претставник има предност од 3:1 од првиот меч.

Манчестер Јунајтед, исто така, на 10-ти август во четвртфиналеот ќе игра против ФК Копенхаген кој претходно во средата со 3:0 го совлада Басакшехир Истанбул со што го надомести поразот од 0:1 од првиот меч.

Шахјтар од Донецк на „Олимпискиот стадион“ во Киев со 3:0 го надигра Волфсбург и ја потврди победата до 2:1 од првиот меч од почетокот на март на гостински терен. Шахтјар во четвртфиналето на 11-ти август во Гелзенкирхен ќе игра против победникот од дуелот меѓу Базел – Ајнтрахт Франкфурт во кој по првиот меч пвајцарскиот тим има предност од 3:0.