Јунајтед надомести два гола и ремизираше дома со Лидс

Во средбата од англиското фудбалско првенство одигран во средата вечерта Манчестер Јунајтед ремизираше со 2:2 на својот „Олд Трафорд“ во соочувањето со Лидс Јунајтед.

Гостите од Лидс, кои се борат за опстанок во Премиер лигата и кои на почетокот од седмицава останаа и без главниот менаџер, имаа водство од 2:0 но не успеаја да ги издржат налетите на домашните.

По само 55 секунди игра гостите поведоа со прецизниот удар на Вилфред Гнонто, за на почетокот од вториот дел во 48 минута по приземното нафрлување од Синистер, во петерецот Рафаел Варан несреќно ја скршна топката во сопствената мрежа.

Сепак, притисокот на „Црвените ѓаволи“ до крајот на мечот резултираше со головите на Маркус Рашфорд во 62 и на Џејдон Санчо во 70 минута, но не успеаја да дојдат и до целосен резултатски пресврт

Третопласираниот Манчестер Јунајтед сега има 43 бодови, седум помалку со два натпревара повеќе од водечкиот Арсенал, а два помалку со меч повеќе од второпласираниот градски ривал Манчестер Сити. Лидс, пак, сега е 16-ти со 19 бодови, само бода повеќе од местата кои водат во понизок ранг.