Јунајтед од ВАР-от доби пенал за победа

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед дојдоа до победа од 3:2 (1:1) на гостувањето кај Брајтон во лудата завршница во првиот саботен натпревар од третото коло на англиското првенство.

Конечниот исход на мечот е резултат на една несекојдневна ситуација. Имено, арбитрот Крис Каванах означи крај на дуелот при резултат 2:2, но потоа по предупредување од ВАР-собата ја прегледа снимката од последната акција на Манчестер Јунајтед и досуди најстрога казна, бидејќи топката го погодила во раката домашниот напаѓач Нил Мопе, откако со глава шутирше Хари Мегваер. Бруно Фернандеш беше сигурен рализатор од белата точка за победа на „Црвените ѓаволи“ во натпреварот кој изобилуваше со пресврти.

Инаку токму Мопе го отвори резултатот од пенал во 40 минута. Меѓутоа, само три минути подоцна Јунајтед дојде во израмнување со несреќниот автогол на Луис Данк. Во 55 минута Маркус Рашфорд со неколку финти ја измами половина од домашната одбрана и погоди за водство на Јунајтед, кое гостите го држеа до последната минута од судиското продолжение на мечот кога Соломон Марч израмни на 2:2.

По почетниот пораз на својот „Олд Трафорд“ од Кристал Палас со 1:3, ова се првите три бода за Манчестер Јунјетед, а Брајтон, кој на саботниот меч имаше далеку повеќе удари кон голот на гостите, има ист број бодови но од три натпревара.

Во сабота на распоредот се уште три натпревара: Кристал Палас – Евертон во 16 часот, Вест Бромвич Албиотн во 18,30 и Бљарнли – Саутемптон во 21 часот.