Јунајтед подобар од Ливерпул

Во последниот натпревар од третото коло на англиското фудбалско првенство, во понеделникот вечерта на „Олд Трафорд“ домашниот Манчестер Јунајтед со 2:1 беше подобар од актуелниот вицеправк Ливерпул.

Во дуелот меѓу двата најтрофејни клуба во Англија, Џејдон Санчо во 16 минута го доведе Манчестер Јунајтед во водство. Подобрата игра на домашните во 53 минута ја круниса Маркус Рашфорд со удвојување на водството. Ливерпул во следните половина час силно притискаше но на голот беше расположениот Де Хеа кој на неколкупати успеа да спречи чисти погодоци. Малку надеж на гостите им влеа Мохамед Салах кој во 81 минута успеа со глава да спроведен една одбиена топка, но сепак Ливерпул до крајот не успеа да израмни.

Во финишот на теренот се појави Кристијано Роналдо, чиј статус во Манчестер Јунајтед сѐ уште не е јасен, а во игра влезе на местото од Маркус Рашфорд.

Благодарејќи на оваа победа Манчестер Јунајтед дојде до првите бодови оваа сезона и на табелата е во групата екипи со три бодови на 14-то место. Ливерпул, пак, разочарувачки има само два бодат и е 16-ти. Во водство е Арсенал со максималните девет бодови од трите кола.