Ундер од Рома се сели во Лестер

30

Италијанскиот фудбалски прволигаш Рома постигнала договор со англиски Лестер Сити за позајмување на турскиот играч Џенгиз Ундер.

Според пишувањето на Sky Italy, турскиот фудбалер наскоро ќе ги мине лекарските прегледи во Англија и ќе потпише договор.

Рома се согласила да го пушти Ундер на позајмица за три милиона евра, со обврска Лестер Сити следната година да го купи фудбалерот за 24 милиони евра,

Ундер пред три години од истанбулски Башакшехир дојде во Рома, за која одигра 88 натпревари на кои постигна 17 голови и впиша 12 асистенции.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.