Јунејтед со пресврт до победа над Брајтон

25

Во последниот неделен натпревар од 30-то коло на англиското фудбалско првенство Манчестер Јунајтед го совлада со 2:1 Брајтон енд Хоув Албион правејќи резултатски пресврт во последните половина час од дуелот.

Гостите поведоа во 13 минута со голот на Дани Велбек кој шест години беше член на „Црвените ѓаволи“ со две позајмици во Престон и Сандерлент. За Јунајтед одогра 142 меча и постигна 29 голови, а потоа играше и за Арсенал, Вотфорд а во Брајтон дојде во октомври минатата година.

Израмни Маркус Рашфорд во 62 минута, а за домашните трите бода ги донесе Мејсон Гринвуд во 83 минута.

Јунејтед со 60 бодови е второпласиран на табелата, со 14 бодови помалку од градскиот ривал Манчестер Сити, а четири повеќе од третопласираниот Лестер Сити. Брајтон остана 16-ти со 32 бода, шест повеќе од зоната на испаѓање од лигата.

Претходно во неделата Њукасл Јунајтедии Тотенхем идиграа без победни 2:2.

Домашните поведоа преку Џоелинтон во 28 минута, но „Спарс“ за само шест минути направија резултатиски пресврт, а стрелец ба двата погодока беше Хари Кејн во 30 и 34 минута. „Свраките“ успеаја да израмнат на четири минути пред крајот, а голот го псотигна Џозеф Вилкок, од дури 17-от удар на Њукасл упатен надвор од шеснаесетникот на овој натпревар.

Тотенхем е петти со 49 бодови, колку што имаат и шестиот Ливерпул и седмиот Вест Хем, а два помалку од четвртиот Челзи. Њукасл, пак, остана 17-ти со 29 бодови три повеќе од 18-от Фулам кој е во опасната зона.

Саутемптон со 3:2 го победи Барнли, иако по поливина час игра гостите имаа водство од 2:0.

Барнли поведе со головите на Крис Вуд од пенал во 12 и Матеј Видраво 28 минута, но следеше налетот на Саутемптон за кој стрелци беа Стјуарт Армстронг о 31, Дени Ингс во 42 и Нејтан Редмонд во 66 минута.

Ова беше прва победа на Саутемптон во последните пет години на меч во кој губеа со два гола разлика, па сега е 13-ти со 36 бодови, а Барнли има три бода помалку на 15-то место.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.