УНЕСКО бара од Турција извештај за „Света Софија“

Комитетот за светско наследство побара во петокот од Турција до 2022 година да предаде извештај за состојбата на зачуваноста на соборниот храм „Света Софија“ (Аја Софија) во денешен Истанбул и ја изрази својата голема загриженоста од последиците на повторното претворање во џамија на ова грандиозно здание од византискиот период.

Донеодманешниот музеј „Аја Софија“ турските власти на 10-ти јули 2020 година го претворија повторно во џамија, односно дозволија изведување верски служби во текот на кои ќе бидат прекриени историските фрески и икони, што предизвика меѓународна огорченост и предизвика нова спорала во тензичните односи меѓу Турција и Грција којашто се смета за наследничка на Византија.

Комитетот за светско наследство бара од Турција до 1-ви февруари 2022 година да предаде „ажуриран извештај за состојбата на зачуваност“ на оваа здание и изразува жалење поради изостанување на дијалогот и информациите за таа одлука на Турција да го промени статусот на музејот „Аја Софија“ и на црквата Хора, уште едно ремек-дело на византиската архитектура.

Во август 2020 година со претседателски декрет наредено е претворање на црквата Светиот Спасител/ или Христос Спасителот во Хора, украсена со фрески и мозаици од XVI век на кои се прикажани призори од библиските легенди.

Во ноември 2019 година турскиот суд ја поништи одлуката на владата од 1945 година со којашто Хора, позната и како Карије на турски јазик, била претворена во музеј со кој управува Министерството за образование. Црквата на ова место е изградена прво во IV век, но поголемиот дел од сегашната градба потекнува од XI век, за потоа делумно да биде обновената 200 години подоцна по катастрофален земјотрес.

Со овие иницијативи на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган имаше намера дополнително да ги придобие најконзервативните поборници и најголемите националисти, во периодот кога Турција поради низа околности се соочуваше со големи економски тешкотии кои ги влоши подоцна пандемијата на коронавирусот.

И „Аја Софија“ и црквата во Хора се наоѓаат во историските делови на денешен Истанбул и споменатата агенција на Обединетите нации ги впиша на листата на светско културно наследство на УНЕСКО.

Доколку Комитетот се изјасни дека е незадоволен од состојбата на зачуваност на место впишано на листата на светското наследство, оже да го префрли на листата загрозено светско наследство или да го повлече од листата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.