По неколкуте години последователен пад, бројот на новинарите убиени во светот минатата 2022-ра се искачил на 86, од 55 во претходната 2021 година, што претставува зголемување од 36 отсто, извести во понеделникот УНЕСКО, организацијата за културно наследство на Обединетите нации.
Повеќето од половината од убиствата на новинари се случиле во Латинска Америка и на Карибите, а по држави најмногу се убиени во Мексико, потоа во Украина и на Хаити.
„Властите мора да ги удвојат напорите да ги запрат овие злосторства и да осигурат напаѓачите да бидат казнети, бидејќи рамнодушноста е голем фактор во оваа клима на насилство“, изјави во понеделникот генералната секретарка на УНЕСКО, Одри Азулеи.
Бројот на убиените медиумски работници беше во пад во периодот од 2018 до 2021 година, но минатата година повторно е зголемен.
„Половината од новинарите не се убиени на должност, туку додека патувале или биле во своите домови. Тоа покажува дека нема безбедно место за новинарите, дури ниту во нивното слободно време“, стои во извештајот на УНЕСКО.