Унгарците во редици за вакцинирање, по растот на заразите во Европа

Жителите на унгарската престолнина во понеделникот се собираат пред главната болница во Будимпешта за да се вакцинираат против Covid-19, додека Унгарија првпат ги понуди вакцините без претходно регистрација по растот на новите случаи на коронаинфекции.

Европа повторни стана епицентарот во пандемијата на коронавирусот, со половината од случаите и смртните исходи на глобално ниво и протестите кои преку викендот станаа особено насилни во Холандија и Белгија поради новите ограничувања на движењата.

Австрија, пак, влезе во четвртиот национален „локдаун“ во поенделникот, откако ден претходно десетици илјади луѓе маршираа против новите рестриктивни епидемиолошки мерки. Во Германија се разгледува опцијата вакцините против Covid-19 да бидат задолжителни.

Унгарија пријави рекорден висок број случаи во петокот од 11.289 нови коронавинфекции, а во понеделникот уште 27.209 за периодот од петокот до неделата, како и 392 смртни исходи. Досега, од избувнивањето на епидемијата во земјата со 10,7 милиони жители, потврдени со 33.172 починати од Covid-19.

И покрај мноштвото кое во понеделникот се пријавува за вакцинирање во Будимпешта, стапката на вакцинироаноста во земјата е малку под просекот во Европската унија, со околу 5,8 милиони лица кои ги примиле две дози.

Унгарската влада воведе задолжително носење маски во затворени простори од минатата седмица, и соопшти дека ќе воведе задолжително вакцинирање за сите здравствени работници. Засега не се најавени построги рестриктивни мерки, на кои минатата среда побвика Унгарската лекарска комора.

Јанош Шлавик, од главната болница во Будимпешта за Covid-19, изјави доцна во неделата на комерцијалната телевзија ATV дека натамошните мерки би можело наскоро да бидат потребни за да се запре ширењето на заразата. Додаде дека 80 до 90 отсто од пациените за кои е потребна интензивна грижа не биле вакцинирани, како и дека одделот за интензивна нега во неговата болница бил исполнет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.