Унгарија ја спореди ситуацијата во Транскарпатија со граѓанска војна

Укранинските властио со своите активности во Транскарпатија (Закарпатие) созддадоа „сутуација на граѓанска војна“, се вели во четвртокот објавеното заеднички соопштение на пратениците во Европскиот парламент од унгарските партии Фидес и Христијанско-демкратската народна партија (KDNP).

Реакцијата на унгарските европратеници доаѓа откако претходно Службата за безбедбност на Украина (СБУ) соопшти дека се изведен претреси на домовите на финкционери на добротворната фондација во Транскарпатскиот реиони поради наводно можно мешање во внатрешните работи на земјата и оти наводно нашла агитациски материјали за „Голема Унгарија“.

Укранинските медиуми објавија дека по оваа акција на украинското разузнавање биле спроведени претреси во домот и службените простории на лидерот на локалната Партија на Унгарците во Украина, Василиј Брензович. Како одговор на тоа, во Будимпешта во министерството за надворешни работи беше повикана украинската амбасадорка Љубов Непоп.

„Во Транскарпатија украинските власти создадоа ситуација на граѓанка војна. Сметаме дека тоа е срамно и длабоко ја осудуваме употебата на вооружена сила од страна на укрансинските власти против лидерите и организациите на унгарскта заедница во Закарпатие“, се вели во соопштенеито за медиумите.

Унгарските европратеници истакнуваат дека овие настани се дел од „неприфатливиот процес“ во текот на кој украинската влада со години ги крш правата на националните малцинства. Европратениците настанот го опишуваат како „политички мотивиран“ со цел да се изврши „заплашување и притисок“.

„Во земја којашто се приближува на Европската унија, која постојано ја декларира намерата да се интегрира во ЕУ и во НАТО, ваквите случаи се неприфатливи. Затоа ги повикуваме Европскиот парламент ова прекршување без преседан да го внесе во дневниот ред на пленарната седница во декември“, се додава во соопштението.

Во оваа украинска област, која граничи со Унгарија, Романија, Полска и Словачка, според последните податоци од 2001 година живеат најмалку 12 отсто Унгарци од тамошното населениет.

И претходно меѓу Киев и Будимпешта избувнуваа несогласувања во врска со усвојувањето во Врховната Рада (украинскиот парламент) во септември 2017 година на нацрт-законот за образованието, одлука којашто се однесува на образованието во Украина на јазиците на националните малцинства кој подоцна го потпиша сега поранешниот украински претседател Петро Порошенко, што предизвика остри реакции од неколку европски земји, вклучително и од Унгарија, обвинувајќи го Киев дека со ваквиот закон ги крши правата на малцинскит етнички заедници. Будимпешта бурно реагираше уште во 2014 година години кога на власт во Киев дојде власта поддржана од Западот која го донесе законот со јазиците со кој јазиците на националните малцинства во регионите во коишто се мнозинство го изгубија статусот на службен јазик.

Последниот закон, особено, истакнува дека воспитно-образовниот процес може да се води само на официјалниот јазик во државата, а јазиците на малцинствата, вклучително и на унгарскиот и на рускиот кој како мајчин според последните податоци пред превратот од март 2014-та го навеле речиси половината Украинци, ќе се учи само до петто одделени, но веќе од 2020 година овој закон ќе престане да важи и образованието во Украина ќе се води целосно само на украински јазик.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто повеќепати изјави дека Будимпешта во Европската унија ќе го блокира секој чекор кој може да придонесе кон натамошно напредување на Украина во процесот на европските интеграции. Минатата 2019 година шефот на унгарската дипломатија за медиумите посочи дека Унгарија ќе продолжи да го блокира проацесот на министерскиот состанок на Комисијата Украина-НАТО, бидејќи намало напредок во решавањето на прашањата коишто ја загрижуваат Будимпешта.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.