Унгарија бара изземање и од ембаргото на транспорт на руската нафта преку нафотоводи

Пренесувањето на руската нафта преку нафтоводите би требало да биде изземно од планираното ембарго на руската нафта според шестиот пакет санкции на Европската унија поради воените дејствија на Русија во Украина, затоа што како што е сега замислено би ја уништил унгарската економија, изјави во средата унгарскиот министер за надворешни даботи Петер Сијарто.

Според шефот на унгарската дипломатија по разоворите со челниците на ЕИ договорот меѓу Будимпешта и Брисел за предложеното нафтено ембарго и натаму не е веројатен.

„Брисел нема предлог за решение… коешто би ги отстранило последиците од тоа потенцијално ембарго на руската нафта врз унгарското стопанство коешто би биле со ефект на атомска бомба“, вели Сијарто во неговата изјава од која снимка објави на својата страница на Faceboоk.

Повеќе земји членки на Европската унија ја поддржуваат забраната за увоз и транспорт на руската нафта како дел од шестиот пакет антируски санкции, но има и доста кои бараат изземања од ограничувањата. Грција, Кипар и Малта, меѓу другите, се спротиставуваат на мерката за забрана на транскортот на руската нафта, бидејќи стравуваат дека таа еднострано би можела да им наштети на нивните бродски компании кои за овие земји остваруваат значајни приходи. Унгари, Словачка, Чешка и Бугарија, пак, бараат изземање од мерката за забрана на увозот на руската нафта до крајот на годината и пролонгирање на тој рок, некои и на неколку години.

Забраната за транспорт на руската нафта повеќе не е вклучена во шестиот пакет санкции на Европската унија против Русија поради нејзината воена операција во Украина, објави во вторникот службената германска новинска агенција DPA, повикувајќи се на дипломатски извори од Унијата.

Сијарто во средата рече и дека договор е можен единствено доколку ембаргото се однесува само на транспортот на руската нафта по поморски пат, и дека би било реално да се врати на оригиналниот унграрски предлог од ембаргото да бидат изземени нафтоводите. Русија, инаку, преку нафтоводот „Дружба“ покрива 65 отсто од унграрските потреби од нафта.

Будимпешта пресмета дека ќе ѝ бидат потребни пет години за да може целосно да се откаже од руската нафта. На Унгарија за сигурно и непречено снабдување со нафта би ѝ бил потребен нов нафтовод кој би бил поврзан со Храватска која има излез на море. Покрај тоа, Будимпешта бара гаранции дека Загреб ќе се ангажира на изградбата на таа инфраструктура, како и гаранции за финансиски средства од фондовите на ЕУ.

Одлуката за санкциите на ЕУ мора да биде едногласно донесена, а Унгарија има најмноги забелешки поради големата зависност од руските енергенси. Поради тоа унгарскиот премиер Виктор Орбан и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, во понеделникот разговараа за вложувања во модернизацијата на унгарската нафтена инфрасуктура, рече во вторникот портпаролот на челничката на ЕК. Францускиот претседател Емануел Макрон подоцна седмицава на истата тема ќе разговара со Орбан.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.