Унгарија до следната седмица ќе вакцинира 40 отсто од населението

Унгарија до следната седмица ќе има вакцинирано 40 отсто од своето население, изјави во петокот премиерот Виктор Орбан најавувајќи пресврт кој ќе овозможи продолжување на широкиот спектар активности во услужниот сектор.

Оваа централноевропска земја со 10 милиони жители се бореше изминатите седмици со најсмртоносниот бран од коронавирусот и имаше најголема стапка на смртноста во светот до четвртокот, покаќува базата на ковид-показателите на интернет страницата Worldometers.info.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во разговорот за јавното радио во петокот покажа дека настојува да ги урамнотожи напорите во борбата против пандемијата за сѐ погласните повици за повторно отворање на стопанството и избегнување длабота рецесија втора година по ред како последица од кризата предизвикана од пандемијата на Covid-19.

„Со четири милиони вакцинирани луѓе, а мислам дека тоа ќе се случи следната среда или четврток, ќе отвориме широк спектар услуги за оние кои имаат потврди за вакцинирање“, рече Орбан.

Тоа ќе ги вклучува хотелите, внатрешните простори на рестораните, театрите, кино-салите, фитнес клубовите, спортските настани, базените, музеите, библиотеките и зоолошкиет градини, наведе Орбан.

„Звучи како нормален живот“, додаде унгарскиот премиер.

Унгарија бележи пад на бројот на хоспитализациите и пациентите на распирароти кои беа нависоки во почетокот на април. Истовремено Унгарија ја спроведен најбрзата програма за вакцинирање во Европа, според податоците на ЕУ.

Покрај масовните испораки на кинеските и руските вакцини и со растечките резерви од западните вакцини против коронавирусот, Унгарија наскоро ќе може да ги вакцинира малолетните граѓани и Унгарците кои живеат во други земја.

Унгарија беше критикувана од Брисел бидејќи започна со користење на кинеските и руските вакцини пред да бидат одобрени во ЕУ, чекот кој се покажа оправдан имајќи ја предвид бавната, недоволна и несразмерна распределба на вакцините меѓу земјите членки на Унијата.

„Тоа беше потег на кој Унгарија имаше право и кој е оправдан. Не ме интересира дали мачката е црна или бела. Само сакам да го фати глушецот“, парафразираше Орбан.