Унгарија го затвора сите училишта за забавување на заразата со коронавирусот

Унгарија ќе ги затвори сите училишта и ќе продожи со едукацијата на учениците најдобро што е можно преку дигиталниет канали од понеделник, во напорите да се забави ширењето на епидемијата од коронавирусот, изјави премеирот Виктор Орбен во петокот.

Образовниот систем, кој освен универзитетите сѐ досега беше отворен, ќе започне со новиот дигитален режим од понеделник, рече Орбан.

Целиот наставен процес ќе се одвива онлајн, а на учениците ќе им биде забрането влегувањето во училиштата.

Орбан не беше во можноста да каже колку долго овие мерки ќе бидат на сила, но рече дека веројатно се работо за „месеци, а не за седмици“.

Премиерот очекува унгарската економија да забави, и смета оти ќе биде неопходно повторното придвижување, а во тие напори ќе учествува и владата.

Орбан соопшти и дека владата формирала истражувачки тим кој ќе настојува да развие лек или вакцина за овој тип коронавирус, додавајќи дека здравствениот систем во Унгарија има обемни резерви и механизами за справување со епидемијата.

Ова беше одговорот на Орбан на забелешките од опозициските партии според коишто здравствениот систем може да биде опасно преоптоварен доколку има голем број заразени.

„Имаме технички капацитети да се носиме со неколку десетици илјади случаи, а донесовме одлука и да набавиме дополнителна опрема“, рече Орбан.

Унгарија на списокот земји од кои не е дозволен влез во земјата во петокот го додаде и Израел, покрај од претходно ставените Кина, Иран, Италија и Јужна Кореја.