Унгарија ja купува руската вакцина „Спутник V“

Унгарија потпиша денеска договор со Русија за набавка на вакцини против коронавирус „Спутник V“, со што стана прва земја на ЕУ што го стори тоа, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Питер Сијарто. Не е соопштено за количината на руски вакцини што треба да се испорачаат во државата.

Соијарто во видео објавено на Фејсбук нагласи дека вакцините ќе пристигнат во Унгарија во три транши.

Договорот беше потпишан во Москва само еден ден откако унгарската агенција за лекови одобри употреба на британската „АстраЗенека“ и руската вакцина „Спутник V“.

Тој рече дека вакцинацијата ќе доведе до укинување на мерките.

Руската вакцина засега не е одобрена засега од Европската агенција за лекови.