Унгарија може да увезе до милион дози од кинеската вакцина за Covid-19

Унгарија следните месеци би можеле да добие до милион дози од кинеската вакцина за Covid-19, ибајви во петокот унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто по разговорите со кинескиот колега.

Унгарија претходно објави дека планира и да ја увезе и руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“. Европската комисија во четвртокот објави дека тоа „ја загрижува“, имајќи го предвид односите на ЕУ кон Русија кои ги следат оние на САД, што може дополнително да отвори нов фронт во и онака тензичните односи меѓу Брисел и Будимпешта.

Будимпешта е во контакт со сите три кинески компании кои работата на развој на вакцина против Covid-19 и тие наскоро ќе испратат документи во Унгарија врз основа на кои тамошните власти ќе донесат одлука дали ќе ги одобрат, додаде Сијарто.

„Прицедурата за увозот веќе е во тек. Доколку лабораториските тестови во Унгарија се покажат позитивни, 500.000 до милион дози би можело да стасаат во текот на следните неколку месеци“, изјави Сијарто за унгарската службена новинска агенција MTI.

Претходно унгарската влада најави дека до крајот на седмицава ќе започне да увезува помали количества од руската вакцина „Спутник V“, што може да доведе до увоз на поголеми количества и масовно производство во Унгарија.

Според првилата на ЕУ, сите вакцини мора да ги одобри Европската агенција за лекови (ЕМА), пред да бидат пуштени на пазарот на која и да е од 27-те земји членки.

На прашањето за планот на унгарската влда за увоз на руската вакцина „Спутник V“, портпаролот на Европската комисија за Reuters рекол дека се „поставува прашањето за вакцинирање во држава членка со вакцина која не ја проверила ЕМА“.