Унгарија не ја прифаќа листата „сигурни земји“ за ЕУ, отворање само со Србија

Унгарија нема да го прифати барањето на Европската унија на листата ткн „сигурни земји“ од коронавирусот да додаде земји и надвор од ЕУ, освен Србија, изјави во четвртокот премиерот Виктор Орбан.

Европската унија со мнозинство го поддржа отворањето на границите за државјаните на 14 земји за да ги поттикне патувањата и туризмот. На листата „бебзедни земји“ се Австралија, Алжир, Грузија, Јапонија, Канада, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Србија, Тајланд, Тунис, Уругвај и Црна Гора.

„Засега не можеме да го поддржиме барањето на ЕУ, бидејќи тоа би било спротивно на здравствените интереси на унгарскиот народ“, изјави Орбан во видеото објавено во четвртокот на неговата официјална страница на Facebook.

Во Србија, единствениот сосед на Унгарија на југ кој е надвор до ЕУ‘, живее значително унгарско малцинство.

Италија, една од најпогодените земји според бројот на смртните случаи во светот, исто така објави дека ќе остане на сила карантинот за државјаните на сите земји кои не се дел од Шенгенската зона.

За оние граѓани кои транзитираат низ Унгарија во трети земји, повторни ќе биде воспоставен ткн „хуманитарен коридор“, кој беше воспоставен во текот на пикот на првиот пран на пандемијата во Европа, додаде Орбан.

„Сите кои патуваат низ Унгарија ќе мора да го користат тој коридор. Ќе останат на сила строгите погранични контроли“, додаде Орбан.

Унгарија заклучно со средата забележа вкупно 4.157 заразени со коронавирусот и 586 починати.