Унгарија оди на референдум за законот за заштита на децата од промоции на ЛГБТК заедницата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави распишување референдум за Законот за ЛГБТК заедницата, односно за прашањата за заштита на децата.

Референдумот треба да се одржи поради борбата против притисокот на Европската унија да ги измени неодамнешните амандмани на законите за образование и заштита на децата.

„Во изминатите седмици Брисел очевидно ја нападна Унгарија преку законот за заштита на децата. Унгарските закони не дозволуваат сексуална пропаганда во градинки, училишта, на телевизија и во реклами, истакна Орбан во видео снимка на Facebook.

Унгарскиот десен премеир Виктор Орбан, кој поради своите социјални конзервативни и суверенистички политики претставува долгогодишен кошмар за челниците на ЕУ, кои ги сметаат за „покопување на европските демократски норми“.

Меѓутоа, само половина од членките на ЕУ, преводени од четирите најголеми – Германија, Франција, Италија и Шпанија – кои по истапувањето на Велика Британија имаат амбиции непречено да ја обликуваат ЕУ според своите интереси, ја потпишаа заедничката декларација со којашто се изразува „голема загриженост“ поради унгарскиот закон и ја повикува Европската комисија да дејствува.

На почетокот од јули Орбан се осврна на критиките од Холандија во врска со овој закон. Во таа прилика тој рече дека критичарите „смрдат на морална надмоќ, вкоренета во колонијалното минато“.

„Ова е колонијален пристап. Тие едноставно не размислуваат што можат, а што не можат да кажат за друга нација и законите на друга земја“, изјави тогаш Орбан.