Унгарија „под целосен оклоп“ го очекува вториот бран на коронавирусот

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, денеска изјави дека неговата земја „под целосен оклоп“ го очекува вториот бран на епидемијата на коронавирус.

Во неделното интервју за Радио Кошут, Орбан рече дека неговата влада мора да се фокусира на спасување животи, особено стари лица, како и обезбедување на потребните услови за училиштата и зајакнување на економијата.

Тој апелираше до младите да ги следат превентивни мерки, додавајќи дека животот на нивните родители и баби и дедовци, пред сè, зависи  од нив.

Според МТИ, Орбан вели дека меѓу 1,7 и 1,8 милиони жители на Унгарија пополниле консултативен прашалник за превентивните анти-епидемиски мерки, кои им биле доставени од властите.

(МИА)